Атрактивната холивудска актерка Меган Фокс, облечена само во минијатурно бикини, позира качена на дрво во џунгла. Жешките фотографии од фотосесијата актерката ги објави на својот Инстаграм профил и предизвика бурни реакции.
Според пишувањата на странските медиуми, Меган Фокс позирала за нова рекламна кампања за костими за капење, во која го доловува ликот на Џејн од популарниот филм за Тарзан.
„Шумата е мојата најстара пријателка“, напиша 37-годишната актерка под фотографиите на кои никој не останал рамнодушен.
На атрактивното „диво“ издание на Меган Фокс не останал рамнодушен ни нејзиниот партнер, музичарот Машин Ган Кели.
„Ако вака изгледа диво животно, со задоволство би му дозволил да ми ја одере кожата“, и порача музичарот што воедно е негов прв јавен коментар откако се појавија гласините дека врската им е во криза, наводно поради неговото неверство.
37-годишната актерка и четири години помладиот музичар заедно се од јуни 2020 година.