Жените во Северна Македонија се меѓу најниските во Европа, а мажите се блиску до европскиот просек, покажува анализата на статистичката веб-страна „Ландгеист“.
Просечната висина на Македонките е 160,9 сантиметри, а пониски од нив се само жените во Кипар кои се високи 160,6 сантиметри. Меѓу пониските во Европа се и Португалките со просек од 161,2 сантиметри.
Највисоки се Холанѓанките со просек од 170,4 сантиметри и Црногорките со 170 сантиметри. Просечната висина на жените во Србија е 168,3 сантиметри, во Грција 165,8 сантиметри, во Бугарија 164,6 сантиметри, а во Албанија 162,2 сантиметри.
Мажите во земјава, пак, во просек се високи 176,4 сантиметри. Највисоки се Холанѓаните (183,8 сантиметри), Црногорците (180,7 сантиметри) и Естонците 179,3 (сантиметри), а најниски се мажите во Кипар (172,7 сантиметри), во Албанија (174,1 сантиметри) и во Бугарија (174,2 сантиметри).
Во Србија просечната висина на мажите е 180,7, а во Грција 179,3 сантиметри.