Жените и мажите се рамноправни но сепак, постои полова дискриминација при вработување и жените почесто се жртви на мобинг

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жените и мажите се рамноправни но сепак, постои полова дискриминација при вработување и жените почесто се жртви на мобинг. Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за истражувачко дебатната емисија Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, 52,6 проценти сметаат дека мажите и жените во државава се рaмноправни, односно имаат еднакви права за професионален напредок, иако не е мал и процентот на граѓани кои се убедени во спротивното, а 32,4 проценти се на ставот дека мажите и жените не се рамноправни.

Според половата структура, 59,8 отсто мажи се на ставот дека мажите и жените се еднакви додека 26,5 проценти сметаат дека не се. Кај жените, 45,6 проценти сметаат дека се рамноправни и имаат исти можности за напредок додека 38,1 отсто сметаат дека не се. Од вкупно анкетираните, 50,7 проценти сметаат дека постои полова дискриминација при вработување, додека 37,2 проценти се убедени дека нема полова дискриминација при вработување.

Таков став делат 42,7 проценти од анкетираните мажи додека мнозинството или 48 отсто мажи се на ставот дека сепак има полова дискриминација при вработувањата. исто така, 53,3 проценти од анкетираните жени препознаваат полова дискриминација при вработување, наспроти 34,9 проценти кои сметаат дека тоа не се случува.

Имено, 53,7 проценти Македонци сметаат дека постои полова дискриминација при вработување наспроти 33 отсто кои сметаат дека тоа не се случува. Кај Албанците ситуацијата е обратна. Таму мнозинството или  54,1 процент од етничките Албанци се на ставот дека нема полова дискриминација при вработување додека 37 проценти се убедени во спротивното.

Мнозинството граѓани или 47,4 посто се на ставот дека мажите и жените во земјава на исти работни места земаат иста плата, 25,6 отсто сметаат дека мажите се повеќе платени иако работат на исто работно место со жената, додека 3,1 проценти се на став дека жените се тие кои се повеќе платени од мажите за истата работа. Половата структура на одговорите покажува дека и мажите и жените се согласуваат дека платите за иста позиција се исти и за мажи и за жени. Ваков став делат 49,8 посто од сите анкетирани мажи и 45,2 отсто од жените. Дека мажите се повеќе платени сметаат 20,2 проценти мажи и 30,9 посто жени. 4,4 отсто мажи се на ставот дека жените земаат повеќе плата за иста работа, додека ваков став делат само 1,9 проценти жени.

За 48,9 проценти од анкетираните мажи и жени се рамноправно застапени во јавниот сектор додека 35,2 отсто сметаат дека не се. Истражувањето покажува дека 56,8 проценти од сите анкетирани мажи и 41,1 посто од жените сметаат дека постои рамноправна полова застапеност во јавниот сектор додека 29,7 отсто мажи и 40,6 проценти жени сметаат дека тоа не е случај, а56,2 проценти од анкетираните сметаат дека жените се почести жртви на мобинг.

„Само 6,9 проценти од граѓаните се убедени дека мажите почесто се жртви на мобинг. И мажите и жените немаат многу дилеми околу ова прашање, односно 49,1 отсто од анкетираните мажи и 63 проценти од жените сметаат дека жената е таа која почесто е жртва на мобинг. За мажот како почеста жртва на мобинг се определиле само 4,8 проценти жени и 9,1 проценти мажи“, се наведува во информацијата што ја споделува „Детектор“.

Секој петти граѓанин познава жена која била отпуштена поради бременост, односно 19,9 проценти од анкетираните велат дека познаваат случај во кој жена била отпуштена од работа поради тоа што била бремена, додека 72 отсто од анкетираните немаат информации за таков случај.

- Advertisement -
Ad image

Според анкетата, помладите добиваат повеќе информации за вакви случаи па во возрасната категорија од 18 до 29 години во која се и поголемиот дел од младите мајки дури 31,2 проценти од анкетираните знаат за случај во кој жена била отпуштена од работа поради бременост, што е речиси секој трет анкетиран човек. Анкетата покажува и дека 52,6 проценти од испитаниците сметаат дека при развод доделувањето на старателството на мајката е во интерес на детето додека со тоа не се согласуваат 22,4 отсто од анкетираните. Во мнозинство со овој став се согласуваат и мажите и жените. Конкретно, 46,5 отсто мажи и 58,5 посто жени сметаат дека доделувањето на старателството при развод каде најчесто се фаворизира мајката е фер и во интерес на детето додека со ова не се согласуваат 27,7 проценти мажи и 17,2 отсто жени.

Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.

Share This Article