More

    Жената која ја нападна Елена Ристеска заработи кривична пријава

    spot_img

    Кривична пријава заработи 38-годишната жена која ја нападна пејачката Елена Ристеска во ноќниот клуб „Интермецо“, а која претходно била приведена соопшти МВР.

    Од полицијата информираат дека на 24.10.2023 полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23.10.2023 во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била нападната од Е.Т.П.

    „Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот. По документирање на случајот, против Е.Т.П. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство” по член 386 од КЗ и е предадена на ОЈО Скопје“, се вели во соопштението од МВР.

    Од ОЈО информираат дека ценејќи ги сите околности, пред сѐ можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената.

    Тепањето на Ристеска се случи во саботата кон неделата, во текот на ноќта. Пејачката сведочи дека ја спасил нејзин пријател, па додава дека била нападната без причина. Побара и поддршка од медиумите.

    „Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име. Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, пишува Ристеска.

    Ристеска била удрена и со тврд предмет при нападот. Карактерот на повредите, не го открива ниту таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img