More

    Жена од Северна Дакота го отрула својот невенчан сопруг откако дознала дека тој неколку часа претходно наследил 30 милиони долари и има намера да ја остави

    spot_img

    Жена од Северна Дакота го отрула својот невенчан сопруг откако дознала дека тој неколку часа претходно наследил 30 милиони долари и има намера да ја остави, соопшти полицијата.

    Ина Теа Кенојер (47) во понеделникот беше обвинета за убиство на Стивен Едвард Рајли (51), според полицијата, од „финансиски мотиви“.

    На Рајли му се слошило кога се сретнал со својот адвокат на 3 септември за да добие големо наследство, изјавиле сведоците пред инспекторите. Следниот ден Теа се јавила на Итната помош и болничарите го пронашле Рајли во несвест во домот. Утредента тој починал во болница, пренесува „Њујорк пост“

    На социјалните мрежи напишала жална вест дека нејзиниот сопруг Рајли се самоубил. На инспекторите им изјавила дека планира да го подели големото наследство на Рајли со неговиот син.

    Аутопсијата утврдила дека тој починал откако проголтал антифриз, кој, според полицијата, му го подметнала паартнерката.

    Рајли планирал да ја прекине врската со неа набргу откако ја добил огромната сума, што ги навело инспекторите да испитаат дали жената го отрула за да ги земе парите.

    Теа Кенојер се соочува со обвинение за тешко убиство и е задржана во притвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img