Жена на 64-годишна возраст загина откако ја удри гром во туристичкото село Превала, во регионот на Брезовица на косовската страна на Шар Планина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жена на 64-годишна возраст денеска загина откако ја удри гром во туристичкото село Превала, во регионот на Брезовица на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Жената по потекло од Урошевац била една од петте лица кои денеска на пладне биле погодени од гром. Таа починала во болницата во Призрен.

„На 18.08.2024 година околу 12:14 часот во полиција е добиена информација дека во Превала гром удрил во пет лица. Една од жртвите, 64-годишна жена од Урошевац, била во потешка состојба, починала во ургентниот центар на Регионалната болница во Призрен“, соопшти портпаролот на полицијата за призренскиот регион, Шаќир Битиќи.

Share This Article