Лекарите предупредија дека љубителите на инстант тестенини може да бидат изложени на ризик од проблеми со бубрезите, што може да предизвика труење на крвта. Според урологот Дејвид Шустерман, пакетите тестенини, кои содржат кесичка со зачински прав и се варат во топла вода, пакуваат дури половина од препорачаната дневна порција сол во една порција.
„Високата содржина на сол во производот го зголемува ризикот од формирање на кристали во бубрезите, кои потоа може да се развијат во камења кои ги оштетуваат органите и предизвикуваат инфекции. Ако не се лекува, бубрежните инфекции може да се прошират во крвотокот, што е познато како септикемија“, објасни тој.
Предупредувањето дојде откако тиктокерката Луси Мурад (24) објави видео во кое откри дека завршила во собата за итни случаи откако јадела зачинети инстант тестенини секоја недела шест месеци.
Нејзините симптоми започнале како болки во грбот, кои се преселиле на предниот дел од телото, додека во нејзиниот мочен меур се формирале камења. Таа, исто така, опиша дека забележала крв и мали плутачи во урината.
„Ова веројатно се случило затоа што преработената и конзервирана храна се полни со сол. Со други зборови, конзумирањето преработена храна, како што се инстант тестенини, супи, замрзнати оброци итн., може да доведе до формирање на камења во бубрезите“, вели д-р Шустерман.
Истражувањата покажуваат дека постои и ризик некои зачини, како што е куркумата, да предизвикаат камења во бубрезите со значително зголемување на нивото на хемикалија наречена оксалат во урината, што го зголемува ризикот од формирање на кристали.
За популарноста на инстант тестенините најдобро говори фактот што продажбата на само еден производител во САД во средината на јуни минатата година достигна рекордни пет милијарди производи. Сепак, таквите производи содржат огромна количина сол, околу 1280 милиграми по порција. Производителите веројатно додаваат големи количини сол за да го подобрат вкусот на нивните производи. Се препорачува да не се консумира повеќе од 2300 милиграми сол дневно, што е еквивалентно на една кафена лажичка.
Други фактори кои можат да предизвикаат камења во бубрезите вклучуваат дехидрација, што може да предизвика урината да стане поконцентрирана и да доведе до формирање на кристали.