More

    Жељко Самарџиќ првпат проговори за загубата на синот

    spot_img

    Музичарот Жељко Самарџиќ (67) за првпат за медиумите проговори за загубата на својот син Златко, кој почина кога имал само три месеци.

    „Семејството на татко ми е од Никшиќ, таму го закопавме малиот Златко. Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја самите ја споделуваме таа тага и секогаш мислиме колку ќе беше голем да останеше жив, но тоа е животот“, вели тој во интервју за „Блиц“.

    „Човек никогаш не знае што може да му се случи во животот. Одиш по улица, па те удира автомобил, а не си го очекувал тоа. Беше бебе, имаше три и пол месеци, му го дадов името Златко, по мојот кум кој многу го сакам го сакаше.

    Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи сѐ. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам тоа. Сите ние фамилијарно отидовме од Мостар во Никшиќ да ги извршиме сите тие обреди“, рече тој.

    Инаку, пејачот и неговата сопруга Маја денес имаат големо семејство – три ќерки, а тој е и дедо на четири внуци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img