Железничкиот сообраќај од Амстердам е речиси целосно во прекин, поради штрајкот на железничарите.Аеродромот Шипол објави дека „сообраќајот на возовите е ограничен или непостоечки“, иако е воспоставена врска со Утрехт.
На патниците до Амстердам им се препорачува да користат алтернативен превоз, како такси, пренесува АП.
Железничарите бараат повисоки плати и подобри услови за работа, поради недоволниот број вработени и зголемената инфлација.