More

    Железничката мрежа во Франција е цел на вандали: прекинат сообраќајот кон Париз

    spot_img

    Пред почетокот на Олимпијадата во Париз, француската брза железничка мрежа беше цел на напад. Возовите мируваат, а станиците се преполни. Поправките ќе траат неколку дена.

    Неколку часа пред почетокот на Олимписките игри во Париз, францускиот железнички оператор SNCF објави дека нивната мрежа била цел на „злонамерни дела“. Се проценува дека целта на вандалите била да ја парализираат мрежата на брзи возови TGV, јавува Би-Би-Си.

    Според првите информации, нападот ги зафатил линиите западно, северно и источно од француската престолнина, некои возови не сообраќаат. На железничката станица Гаре Монпарнас во Париз имаше гужва.

    Францускиот министер за транспорт Патрис Вергриет остро ги осуди „криминалните“ дела, додавајќи дека тие ќе влијаат на плановите за одмор на локалното население и туристите. Превозникот исто така најави дека поправките би можеле да траат цел викенд и поради тоа мрежата нема да работи вообичаено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img