Железната купола ќе профункционира во 2026 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Двоен систем за воздушна одбрана „Железна купола“ (Iron Dome) подготвува Грција и се очекува да биде ставен во функција на почетокот на 2026 година, а ќе се однесува на справување со беспилотни системи и на противвоздушна/ракетна одбрана, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на весникот, целта е вооружените системи, што веројатно ќе бидат набавени од Израел, вредни околу две милијарди евра, да пристигнат во Грција во 2025 година, а во февруари 2026 година ќе профункционира противвоздушната и противдрон куполата.

„Системот ќе се состои од две куполи. Едната ќе се однесува на справување со беспилотни системи, а другиот со противвоздушна/ракетна одбрана. Куполите ќе бидат направени според стандардите на израелската „Iron Dome“, но, како што се појаснува, ќе се состојат од различни системи кои ќе одговорат на предизвиците и заканите со кои треба да се соочат грчките вооружени сили, пишува „Катимерини“.

Весникот додава дека според нивните информации, генералштабовите веќе ја разгледуваат можноста за набавка на израелски противвоздушни системи, како што се David’s Sling и Arrow, но и Barak MX што неодамна го набави Република Кипар.

Share This Article