Апелацискиот совет на Специјалниот суд за злосторства на припадници на поранешната ОВК ја одби жалбата на адвокатот на обвинетиот Реџеп Сељими, против претходното решение на судијата за претходна постапка за продолжување на притворот.
Одбраната побара Апелациониот совет да ја промени одлуката на судијата и да нареди итен условен отпуст на Реџеп Сељими до 30 дена пред почетокот на судењето, јавува РТС.
Советот во целост ја одби жалбата на Сељими, јавуваат медиумите во Приштина.
Специјализираното обвинителство на 29 април поднесе дополнето обвинение против Хашим Тачи, Кадриј Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи.
Обвинителството тврди дека четворицата обвинети, меѓу другите, извршиле воени злосторства во Гњилан, Будаково и Семетиште за време на конфликтот на Косово и Метохија во 1998 и 1999 година.