More

    Зголемени дејствија на летала со извидувачки намери кон Србија

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по седницата на проширениот колегиум на началникот на Генералштабот во касарната „Бањица 2“ во Белград изјави дека српските вооружени сили забележале дејствија на авиони со екипаж и на беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија без да ја преминат границата и дека тоа е засилено од сите правци, јави дописникот на МИА од Белград.

    Тој рече дека од правец на Ѓаковица на 5 и на 20 јуни било забележано кревање на албански дронови „Бајрактари“ на височина од 5.800 метри со намера за извидување на позиција на српската војска.

    – Исто така, шведско-германски авиони правеа фотографии, не од територијата под контрола на војската на Србија, туку од други територии кои не се под контрола на Србија, но прават многу прецизни слики поради присуството на безбедносните и воените сили на територијата на централна Србија – изјави Вучиќ.

    Како што кажа пред новинарите, Србија ќе продолжи да работи забрзано, да работи повеќе и подобро и ќе биде многу појасна во пораката за одвраќање на потенцијален агресор.

    Тој посочи дека и наменските фабрики ќе мора да работат повеќе, а не да се занимаваат со политика.

    – Ќе треба да го зголемиме човечкиот потенцијал во војската на позициите на оние кои можат да носат пушка и да ѝ помогнат на земјата во нејзината одбрана – додаде српскиот претседател.

    Тој изјави дека има многу предизвици и дека големи сили се собрани во регионот.

    – Имаме многу предизвици, големи сили се собрани во регионот од различни причини, од значајните сили на соседните земји до огромниот број членки на НАТО на Косово и Метохија во моментов, односно 4534. Сметаме на добра соработка со КФОР и со трупите на НАТО и веруваме дека тоа ќе придонесе во стабилизирање на ситуацијата на Косово и Метохија. Во моментов, имате 1.500 војници на НАТО во Босна и Херцеговина како дел од мисијата ЛТА (LTA), кои се засилени со нешто што е ново, стратешки резерви формирани од Европската Унија, и тие не се наоѓаат на таа територија, туку на територија на соседните земји Романија, Унгарија и Бугарија. Уверени сме дека во никој случај нема да бидат употребени ниту против српскиот народ ниту против Република Србија – рече Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img