Поради зголемената концентрација на медузи во морето, на дубровничката плажа Данче е поставено црвено знаме.
„На плажата Данче е поставено црвено знаме поради зголемената концентрација на медузи на плажата. Во овој случај црвеното знаме не е поставено поради забрана за пливање, туку како предупредување“, соопштија од Црвениот крст на Дубровник.
Во текот на утрото спасувачката екипа на Црвен крст Дубровник имала осум интервенции предизвикани од убоди од медуза.
Заради превенција, спасувачкиот тим ќе ги интензивира активностите на базенот за да ги предупреди капачите за новонастанатата состојба.
„На овој начин сакаме да го свртиме вниманието на сите корисници на базенот на потенцијалната опасност“, соопштија од Црвениот крст на Дубровник.