Зголемена фреквенција на возила утринава има на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава, соопштува Авто мото сојузот на Македонија. На Богородица во 9 часот може да се види формирана колона.
На камерите на српскиот АМСС може да се види и дека веќе има редица за влез од Србија во Македонија на преминот Прешево-Табановце.