Зголемен прилив на предмети во Уставниот суд, 53 нови предмети само во август и септември 2023 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставниот суд бележи прилив на примени иницијативи и новоформирани предмети во периодот на месеците август и септември. Според статистиките кои ги води Уставниот суд оформени се 53 нови предмети во периодот од 1 август до 30 септември 2023 година. Судот тековно информираше за дел од предметите со оглед дека станува збор за прашања кои се од интерес на јавноста. Меѓу нив се оспорените измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, иницијативи поднесени од Министерството за правда со оспорени рокови за објавување на актите, Законот за работните односи. Во денешното соопштение Судот ги објавува сите останати предмети по кои се постапува, меѓу кои и два предмета во кои се оспорени законските измени на Кривичниот законик, предмет во кој е оспорена Oдлуката за определување и промена на имиња на улици и плоштади на подрачјето на Град Скопје, донесен од страна на Советот на Град Скопје, законски измени на Законот за урбанистичко планирање итн. Некои од предметите се веќе ставени и на седница за дискусија и одлучување.

Share This Article