More

    Згасна пламенот во прилепската конфекција „Тила“

    spot_img

    Ноќеска по полноќ е изгаснат пожарот што ја зафати прилепската конфекција „Тила“, поранешна фабрика за чевли „Борка Левата“.

    Прилепските пожарникари со часови се бореа со огнената стихија која прво ја зафати покривната конструкција со сончевите панели.

    Како што информираат од Центарот за управување со кризи, пожарот започнал во 13:20 часот вчера, а е изгаснат 35 минути по полноќ. Во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 противпожарни возила.

    На помош на пожарникарите им беа и три цистерни од јавните комунални претпријатија. Пожарот беше локализиран во доцните попладневни часови, но имаше горливи материјали и пожарникарите работеа до полноќ.

    Засега не се знааат причините за избувнувањето на пожарот на објектот кој беше празен, а соседи до објектот слушнале пукање како да е во прашање инсталација.

    Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img