Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала се почувствува изутринава во Црна Гора, јавија локалните медиуми.
Земјотресот е регистриран во 9 часот и 16 минути на длабочина од девет километри. Епицентарот бил на 20 километри северозападно од Никшиќ.
Земјотрес утрово ја погоди и Косовска Митровица. Како што е наведено на веб-страницата на сеизмолошкиот институт, земјотресот се случил околу 4 часот утринава. Потресот бил со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала.
Како што веќе објавивме, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди источна Турција. Епицентарот на замјотресот е во близина на Баскил, во провинцијата Адијаман, на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.