More

    Земјотрес со прелиминарна јачина од 7,6 степени е регистриран денеска во морето кај филипинскиот остров Минданао и беше издадено предупредување за цунами

    spot_img

    Земјотрес со прелиминарна јачина од 7,6 степени е регистриран денеска во морето кај филипинскиот остров Минданао и беше издадено предупредување за цунами.

    Земјотресот се случил во 22:37 часот по локално време (15:37 по средноевропско време) и бил на умерена длабочина од 32 километри под морското дно.

    Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека врз основа на јачината и локацијата, очекува бранови цунами да ги погодат Филипините, Индонезија, Палау и Малезија.

    Земјотресите со магнитуда 7,0-7,9 се категоризираат како „силни“. Тие предизвикуваат оштетување на повеќето згради, некои делумно или целосно се уриваат или претрпуваат големи оштетувања. Се чувствува на големи растојанија, а најмногу предизвикува големи штети во радиус од 250 километри од епицентарот. Годишно во светот се случуваат само 10 до 20 земјотреси со ваква јачина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img