Земјотрес со јачина од пет степени е регистриран денеска во 11.56 часот на територијата на Турција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјотрес со јачина од пет степени е регистриран денеска во 11.56 часот на територијата на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според центарот, земјотресот бил лоциран на 71 километар северозападно од градот Кахраманмараш на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Областа Кахраманмараш беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари годинава, со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во земјотресите, а околу 115.000 беа повредени.

Share This Article