Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди длабоко во морето северно од индонезиските острови Бали и Ломбок рано наутро, принудувајќи ги жителите на тие острови да ги евакуираат зградите, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на 203 километри северно од индонезискиот град Матарам и на длабочина од 516 километри, соопшти EMSC.
Индонезискиот и американскиот геолошки институт известија дека станува збор за земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер и дека нема закана од цунами.
Земјотресот се случил непосредно пред 4 часот по бреговите на Бали и Ломбок, а потоа следеле уште два земјотреси со јачина од 6,1 и 6,5 степени, соопшти Индонезиската геолошка агенција.
Засега нема извештаи за штета, соопшти индонезиската агенција за вонредни состојби.