Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди во понеделник островите Кермадец во Тихиот Океан во близина на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот на островите Кермадец веќе нема закана од цунами.
USGS најпрвин објави дека јачината на земјотресот е 7,3 степени, по што ја намали јачината на 7,1 степени.
Силен земјотрес го погоди истиот архипелаг пред нешто повеќе од еден месец, покажуваат извештаите на USGS. Тогаш јачината на земјотресот беше 7,0 степени според Рихтеровата скала.