Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на 19 километри од Малатија, на истокот на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
ЕМСЦ на Твитер објави дека земјотресот се случил во 7.50 часот по локално време.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси во Туркије и во Сирија во понеделникот.