Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала се случи рано утринава во близина на грчкиот остров Родос.Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 26 километри југозападно од Катавија, а длабочината на фокусната точка е проценета на 28,8 километри, соопшти Геодинамичкиот институт.
Засега не е пријавена штета, пренесува Прототема.