Земјотрес со јачина од 2,8 степени по Рихтер во 1.27 минути утрово е почувствуван во регионот на Кичево.
Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван од населението во Кичево и околината, а бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.