Земјотрес со јачина од 2,7 степени e почувствуван во Берово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала утринава во 9 часот и 53 минути e почувствуван во Берово.

„Денеска во 09 часот и 53 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7“, информираат од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Како што информираат оттаму, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Share This Article