Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Крагуевац.
Според веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил околу 18 часот и 15 минути.
– Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на ниво III од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објекти во епицентралното подрачје – се наведува во соопштението на Републичкиот сеизмолошки завод.