More

    Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди индонезискиот остров Суматра, две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени

    spot_img

    Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди индонезискиот остров Суматра, при што две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени.

    Потресот бил почувствуван дури во Сингапур и Малезија.

    Не било објавено предупредување за појава на цунами, но земјотресот ги принудил луѓето да бегаат од станбените згради во западна Суматра, а предизвикал и евакуација на луѓето во Малезија.

    Индонезиските власти ги предупредија своите граѓани да бидат на готовност. Шефот на државната агенција за ублажување на катастрофи изјави дека најмалку две лица загинале.

    Исплашени од земјотресот, луѓето ги напуштале домовите и работните места.

    Противпожарната служба во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, соопшти дека добила бројни повици и покрај големата оддалеченост од епицентарот на земјотресот. Нема извештаи за причинета материјална штета или повредени лица во Малезија. Идентична е ситуацијата и во Сингапур.

    Во 2009 година, силен земјотрес во овој регион предизвика сериозни штети и загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Во 2004 година, земјотрес со интензитет од 9,1 степен и цунами ги погодија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, при што животот го загубија над 200.000 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img