Земјоделците се задоволни и од цената и од субвенциите

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјоделците најавуваат дека за најмалку 20 отсто ќе ги зголемат површините под сончоглед годинава, откако се уверија дека цената на оваа култура годинава ќе расте, а откупот ќе им биде гарантиран. Дополнително ги мотивираат и новите субвенции за вештачко ѓубриво и дополнителните кои ќе се однесуваат на предадените количини.

Земјоделците од пелагонискиот регион, веќе размислуваат да ги зголемат површините под оваа култура.

– Од разговорите со нашите членови можам да заклучам дека годинава сите кои планираа да сеат сончоглед ќе ги зголемат површините под оваа култура, а ќе има и други кои ќе ја засеат. Мора да бидеме задоволни што владата дава дополнителни субвенции за оваа култура кои се по продаден килограм сончоглед, но многу поважно е што рано ќе го добиеме ѓубривото за навремена прихрана на културата. Ако ја немаше оваа субвенција голем број земјоделци поради високата цена на вештачките ѓубрива и немањето пари, би ги оставиле нивите без прихрана. Но, тоа е надминато и се надевам ќе придонесе за повисоки приноси, се разбира, доколку годината биде добра за оваа култура или да речам да има барем еден добар дожд – вели Петре Стојковски од Асоцијацијата на земјоделски производители.

Негова процена е дека може да се очекува за 20 отсто зголемување на површините под оваа култура.

– Според она какво е расположението на земјоделците, очекувам најмалку 20 отсто да се зголемат површините под оваа култура. Но точно ќе се знае кога ќе заврши сеидбата која е веќе почната – додава Стојковски.

Според него, добро е и што за оваа култура има гарантиран откуп и пазарна цена.

– Производителите на масло за јадење веќе најавија дека ќе го откупат целокупното производство на сончоглед кој ќе биде договорен. Тоа е добро за земјоделците бидејќи имаат сигурен пласман, а цената ќе се утврдува според берзанската цена на сончогледот. При тоа земјоделецот добива и квалитетен семенски материјал на сорти на сончоглед кои обезбедуваат поголема масленост од 45 отсто и други репроматеријали кои се плаќаат одложено– додава тој.

Агрономите велат дека за оваа култура се потребни доволно количини вода за да има добри приноси, бидејќи најголема штета на приносите има кога годината е сушна. За да биде исплатливо одгледувањето на сончоглед, велат тие, оваа култура треба да има цена од најмалку 30 денари за килограм.

Потребата за стимулирање на производството на сончоглед, Министерството за земјоделство ја увиде откако производителите на масло за јадење се соочија со недостиг и високи цени на репроматеријали за производство. Дополнителен поттик е и цената која на берзите секојдневно расте.

- Advertisement -
Ad image

Пред една година берзанската цена на маслото за јадење достигнуваше 620 евра за тон, а таа деновиве се искачи на 2.340 евра за тон.

Министерството за земјоделство и владата најавија дека ќе ги обезбедат сите услови за враќање на сончогледот на нивите.

Владата го донесе Планот за производство на храна, а првите мерки од овој план, според министерот за земјоделство Љупчо Николовски имаат цел да го мотивираат производството, но и приносот.

- Advertisement -
Ad image

– За секој еден хектар пченица земјоделците ќе добијат 4000 денари само за вештачко ѓубриво и ако остварат принос од 4000 килограми по хектар добиваат дополнителна субвенција од 5700 денари. Кај сончогледот добиваат 2.500 денари по хектар за вештачко ѓубриво и 5700 денари дополнителна субвенција доколку остварат принос од 1,5 тон по хектар и истиот го предадат во преработувачки домашен капацитет – вели Николовски.

Во земјава последните години сончогледот е застапен на површина од околу 5.000 хектари, се произведуваат во просек по над 5.500 тони годишно, што задоволува 8 до 10 отсто од потребите за масло за јадење.

Гледано по години, според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо производство во земјава имало во 1995 година кога се произведени 22.290 тони, а приносите кај оваа култура биле 1.554 тони по хектар.

Лани од оваа култура се произведени 5.532 тони, а приносот изнесувал 1.095 килограми по хектар. Една година пред тоа произведени се 6.073 тони сончоглед, а приносот бил 1.332 килограми по хектар. Најниски приноси кај сончогледот имало во 2001 година и тоа 907 килограми на хектар.

Последна година кога во земјава се произведени над 13.000 тони е 1.999 година по што производството драстично паѓа. Има години (2007, 2013 и 2018 ) кога се произведени и 3.379 тони од оваа култура, но приносот по хектар се движел и над 1.800 килограми по хектар.

Share This Article