More

    Земјоделците не се задоволни од цената на пченицата

    spot_img

    Производната цена на пченицата чини неполни 14 денари за килограм. Цената ја утврди Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје, информира претседателот на Националната мрежа на земјоделци, Ѓорѓи Каракашев.

    Тој вели дека не се задоволни, бидејќи производната цена е повисока од откупната. Посочува дека состојбата на пазарот е уште позагрижувачка, бидејќи во моментов лебното зрно се откупува по цена од осум до 11 денари за килограм.

    – Не се согласуваме за таа производна цена. Според дефиницијата на законот, ние имаме од производната цена плус 25 проценти, значи тоа е загарантирана цена на пченицата во Македонија. За жал, сега на теренот имаме општо дивеење од страна на откупувачите, мелничарите, не почитуваат никаква економски логика. Државата мора максимално да се вклучи и да им помогне на полјоделците, да го преживеат овој тежок период – нагласува Каракашев.

    Додава дека пченицата е стратешка култура и затоа од Националната мрежа на земјоделци бараат да се интервенира преку Законот за рурален развој.

     

    – Имавме средба со ресорниот министер, искажана е кооперативност, има некои напори да се дојде до некое прифатливо решение. Рекоа дека будно ќе ја следат ситуацијата и доколку има простор, државата ќе интервенира, но не знам на кој начин. Баравме да се одделат средства преку Интервентниот фонд за да се постигне некоја економска одржливост – додаде Каракашев.

    Според земјоделците на терен се ожнеани повеќе од 80% од нивите под пченица. Каракашев вели годинава се очекува вкупен принос од 180.000 до 200.000 тони пченица, што е околу 60% од потребите на населението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img