Земјоделците ја блокираа Струмица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјоделците од струмичките села денеска повторно одржаа протест поради ниските откупни цени. Овојпат протестот беше во центарот на Струмица.

„Државата не води сметка за увозот на патлиџани, а прекупците се оставени со одврзани раце. Резултатот е ниска почетна откупна цена, која по правило до крај на откупот секогаш паѓа. Со понудената цена, земјоделците не можат да си ги покријат ниту трошоците за производство што како краен ефект има дестимулација на земјоделците, намалување на производството во идните години, запустување на полето и иселување од државата“, велат од Левица.

За да се спречи тоа, како што додаваат, мора во наредните 10 дена да се преземат итни мерки.

Пратеникот Сашко Јанчев и координаторот на Сектор – земјоделие на Левица повторно беа на протестот да им дадат поддршка на земјоделците.

Share This Article