Земјите од Западен Балкан потпишаа договор во Тирана

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерите на земјите од Западен Балкан во Тирана, денеска на Самитот во рамките на Берлинскиот процес, потпишаа Договор за меѓусебно признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите во контекст на Договорот за слободна трговија.

Во соопштение на македонската Влада се вели:

„Овој договор е продолжување на заложбите од последниот Самит на Берлински процес кога лидерите на земјите од Западен Балкан, усогласија признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на договорот за слободна трговија.

Со овој Договор се поттикнува мобилноста на стручните лица преку усогласување на вештините со потребите на пазарот на труд, истакнувајќи ги целите за промовирање на хармонизација на регулативата и приближување кон правото на Европската Унија.

Целта на овој Договор е да се воспостави автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на условите за обука и да се примени на сите регулирани професии утврдени во Договорот и EУ Директивата. Ваквото регулирање дозволува мобилност со олеснети административни бариери.

Според овој Договор, начинот и условите кои се применуваат за признавање на професионални квалификации за секторските професии ќе бидат согласно правилата на ЕУ Директивата. Истиот обезбедува повеќекратна добивка, бидејќи не само што ќе се применуваат критериумите на ЕУ во мобилноста на заедничкиот пазар, туку земјите имаат обврска да ги усогласат наставните програми за овие професии со барањата на ЕУ, преку што се обезбедува подобар квалитет и мобилност на овој кадар во рамките на Западен Балкан“.

Share This Article