Земјите од ОПЕК дополнително го намалуваат производството на нафта

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници вчера одлучија да го продолжат договорот за намалување на производството до крајот на следната година со цел да се стабилизираат цените.

Во 2022 година ОПЕК + одлучи да го намали производството за 2 милиона барелa дневно, а од мај дел од нејзините членки доброволно го намалија за дополнителни 1,66 милиона барели дневно. Новиот режим на производство требаше да остане на сила до крајот на годината.

На вчерашниот редовен состанок, по неколкучасовни преговори се одлучи намаленото производство да го продолжат до крајот на 2024 година и од јануари да го намалат производството за уште 1,4 милиона барели дневно, на 40,46 милиони барели дневно.

Новите квоти реално нема да значат помало производство за сите членки. Така, Русија, Нигерија и Ангола веќе произведуваат помалку, а групата само ги приспособи своите квоти на вистинското ниво на производство.

Саудиска Арабија од јули своето производство ќе го намали од 10 на 9 милиони барели дневно.

– Сакавме да додадеме шлаг на тортата. Секогаш сакаме да додадеме доза на напнатост, не сакаме луѓето да погодуваат што ќе правиме… На пазарот му треба стабилизација – изјави на прес конференција саудискиот министер за енергија, принцот Абдулазиз бин Салман Ал Сауд.

Саудиска Арабија е единствената членка на ОПЕК + која има доволно резерви и капацитет за складирање за да го намали или зголеми производството без поголеми тешкотии.

Share This Article