Над еден милион луѓе во 2023 година побарале азил во земјите од Европската унија. Бројот на барања за азил во 2023 година е скокнат за 18%, на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа денеска податоците на Европската агенција за азил –ЕУАА (EUAA).
Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на екстремната десница пред серијата локални и национални избори низ Европа и изборите за Европскиот парламент во јуни.
Сиријците и Авганистанците го сочинуваат најголемиот број баратели на азил, покажуваат податоците на ЕУАА. Турските државјани ја сочинуваат третата по големина група баратели на азил, кои поднеле 82% повеќе барања од претходната година.
Бројот на Палестинци кои поднеле барање за азил поради војната меѓу Израел и Хамас е зголемен на рекордни 11.600. ЕУАА, меѓутоа, забележува дека е многу тешко точно да се регистрира нивниот број бидејќи повеќето земји на ЕУ не ја признаваат Палестина како држава.
Фото: MIA