Земјава треба да се етаблира како бренд-идентитет дестинација

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјава треба да се етаблира како бренд-идентитет дестинација. Во таа насока, ќе се унапредува културниот, транзитниот и руралниот туризам, етнотуризмот, планинскиот туризам и другите алтернативни форми на туризам со цел создавање услови за порамномерен и одржлив развој на дестинациите, вели за МИА директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска.

Новата директорка на Агенцијата за туризам најавува силен маркетинг и подготовка на национална стратегија за туризам во која ќе се дефинира идната визија за туризмот.

-Во иднина, една од нашите примарни задачи е да ја унапредуваме дестинацијата преку делотворни маркетинг политики да го зголемуваме туристичкиот промет генериран од земјите во регионот, понатаму да го зголемиме туристичкиот промет од другите традиционални пазари како Холандија, Полска, Турција, Шпанија,…, но и да отвориме нови пазари. Понудата и промоцијата мора да се следат во чекор и да одат рака за рака, од друга страна како паралелен процес и секако дел од нашите примарни задачи претставува и проширувањето и развој на понудата – вели Стефановска.

Таа смета дека иднината на македонскиот туризам е развојот на културниот туризам, транзитниот туризам, еко-туризмот и промоција на одржливото и одговорното патување, како и заштита на животната средина и културното наследство.

-Како што овие форми на туризам добиваат на важност низ целиот свет, посветеноста на нашата земја во нивен развојот на како и зачувување на нашите културни и природни богатства ќе ја позиционира Македонија како барана дестинација за одговорно патување. Важен аспект во развојот на културниот, транзитниот и еко-туризмот во Македонија е едукација и јакнење и подигање на свеста на сите чинители во рамките на дестинациите за важноста и придобивките од одржливите културни и зелени дестинации – вели таа

Директорката на агенцијата за туризам најавува и туристичка стратегија, во која како што вели, треба да се дефинира идната визија за туризмот, стратешки цели, стратегија за маркетинг и брендирање, типови на туризам и зони со најголем потенцијал за развој на туризмот во Македонија.

-Ваквата стратегија треба да ги утврди и целите и да ги проектира насоките и активностите кои треба да се превземат со цел дефинирање на следните чекори кон каде треба да се движиме и што треба да создаваме. Колку побрзо ќе ја направиме и истата ќе биде во консолидација со целиот туристички сектор, толку подобро ќе имаме по што да постапуваме во годините што следат. Создавање на конкурентна туристичка понуда надополнета со иновативни и креативни маркетинг активности ќе придонесе за квалитативен раст на туризм – вели таа.

Во однос на проширувањето на пазарите, најавува дека на инцијатива на Агенцијата, во рамки на Меморандумот за соработка потпишан со Алијансата на независни туристички агенции од Германија, ќе се реализира информативно патување низ земјава и бизнис средби во Скопје и Охрид.

Share This Article