More

    Земаат огромни пари од болници и од добротворни организации

    spot_img

    Имотната империја на британскиот крал Чарлс Трети и принцот Вилијам најверојатно ќе заработи најмалку 50 милиони фунти од добротворни организации и од давање под закуп земјиште на јавните служби како што се Националната здравствена служба, државните училишта и затворите.

    Во извештаиите се наведува дека војводствата Ланкастер и Корнвол, кои се ослободени од деловниот данок и кои се користат за финансирање на животниот стил и филантропската работа на кралското семејство, имаат вкупно повеќе од 5.400 договори за закуп, пренесе „Гардијан“.

    Врз основа на еден договор на 15 години, болниците „Гај“ и „Сент Томас“ во Лондон ќе платат 11,4 милиони фунти за паркирање на своите електрични возила на Брза помош во објектот во сопственост на Војводството Ланкастер, кралски имот стар 750 години.

    Кралот Чарлс, исто така, ќе заработи најмалку 28 милиони фунти од ветерните електрани, бидејќи Војводството Ланкастер го задржува феудалното право да наплаќа за кабли што го минуваат брегот, според истрагата на Канал 4 Дисепчес и „Сандеј тајмс“.

    Војводството Корнвол, наследниот имот на престолонаследникот Вилијам, потпиша договор од 37 милиони фунти за изнајмување на затворот Дартмур на 25 години на Министерството за правда, кое е одговорно за сите поправки и покрај тоа што затворот во моментов не се користи поради високите нивоа на гасот радон.
    Дел од неговиот имот вклучува и Камелфорд Хаус, зграда од 1960-тите на брегот на Темза, која од 2005 година генерирала најмалку 22 милиони фунти кирија што ја плаќаат добротворни организации и други закупци.

    Војводството Корнвол ѝ наплатило на Кралската морнарица повеќе од милион фунти за изградба и користење на пристаништа и места за усидрување на воените бродови, а исто така ѝ наплаќа на војската за правото да тренира на Дартмур, но Министерството за одбрана одбило да каже колку чини тоа, врз основа на Законот за слобода на информирање.

    Војводството, исто така, заработило повеќе од 600.000 фунти од изградбата на противпожарната станица и ќе добие речиси 600.000 фунти од закупот на шест државни училишта. И покрај најавите на кралот Чарлс и принцот Вилијам за еколошки прашања, многу станбени имоти издадени од кралскиот имотен фонд ги прекршуваат основните владини стандарди за енергетска ефикасност, пишува „Гардијан“.

    Истрагата покажа дека 14 отсто од зградите изнајмени од Војводството Корнвол и 13 отсто од зградите изнајмени од Војводството Ланкастер имаат рејтинг на енергетските перформанси од F или G, додека од 2020 година ќе биде незаконско за сопствениците да изнајмуваат имот оценети под Е, според прописите за минимални стандарди за енергетска ефикасност. Војводството Ланкастер соопшти дека над 87 отсто од сите имоти во војводството се оценети со Е или погоре, а останатите или чекаат планирани работи за подобрување или се ослободени според законодавството на Велика Британија.

    Кралот Чарлс и принцот Вилијам плаќаат данок на доход на добивката од имотот откако ќе се одбијат деловните трошоци, но и двајцата одбиваат да кажат колку. Војводството Ланкастер објави дека „Неговото височество кралот доброволно плаќа данок на сите приходи добиени од Војводството“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img