More

    Зеленски: Змискиот остров е доказ дека Украина ќе го врати секој дел од својата територија

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата го посети Змискиот остров во Црното Море, кој има стратешки карактер.

    Во видеото објавено на Твитер, Зеленски изјави дека денеска е 500-тиот ден од војната и им се заблагодари на сите што се борат за Украина.

    „Денес сме на Змискиот остров. Иако ова е мало парче земја среде Црното Море, тоа е одличен доказ дека Украина ќе си го врати секој дел од својата територија“, рече Зеленски.

    Русија го зазеде островот на 24 февруари минатата година, тврдејќи дека украинскиот гарнизон се предал без отпор. Украинската армија направи бројни обиди да го врати островот, со или без успех.

    На 30 јуни 2022 година, Министерството за одбрана на Русија објави дека одлучило да се повлече од островот како гест на добра волја, додека експертите наведоа тешкотии во одбраната на рамна територија од 0,2 квадратни километри, без природни засолништа. Според Киев, Русите претрпеле големи загуби при заминувањето поради украинските напади.

    Островот се наоѓа на раскрсницата на сите водни патишта преку Црното Море што ја поврзуваат Украина со остатокот од светот, како и оние што ја поврзуваат континентална Европа со сливот на Црното Море преку Дунав.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img