Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече хеликоптерската несреќа во средата во Бровари „страшна трагедија“.
Зеленски потврди дека во несреќата загинале министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, првиот заменик министер Евгениј Јенин и државниот секретар Јуриј Лубковичис.
Тој рече дека им наредил на украинските безбедносни служби „да ги откријат сите околности“ на инцидентот.
Претставниците на Министерството за внатрешни работи беа „вистински патриоти на Украина“, рече тој.
„Нека почиваат во мир! Нека почиваат во мир сите оние чии животи беа одземени во ова темно утро“, додаде тој.