Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша указ за воведување санкции против рускиот филмски режисер и оскаровец Никита Михалков и 118 други истакнати руски уметници, како и неколку украински државјани, се наведува во документот објавен на веб-страницата на украинскиот претседател.
Санкции беа воведени, меѓу другото, против оперската пејачка Ана Нетребко, филозофот Александар Дугин, генералниот директор на медиумската група „Северна Русија“ Дмитриј Кисељов и главниот уредник на ТВ каналот РТ Маргарита Симонјан, пренесува ТАСС.
На списокот има неколку граѓани на Украина.
Санкциите вклучуваат блокирање на банкарски сметки, суспензија на економски и финансиски обврски, суспензија на културна размена и соработка, забрана за влез во Украина, конфискација на украинските државни награди и друго.
Овие ограничувања ќе важат 10 години, јави ТАСС.
Пред два дена руските медиуми објавија дека Михалков бил итно пренесен во болница поради инфекција со коронавирус и дека е во тешка состојба.