Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае веќе 12 месеци.
– Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на државата агресор ќе бидат казнети – рече Зеленски во вечерното видео обраќање.
Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.
На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои ѝ помагаат на Русија со испораки.
Зборувајќи за изгледите за воена помош од Западот, тој нагласи дека на Украина итно и требаат ракети со поголем дострел за да се одвратат таквите напади.