More

    Зеленски  во обраќањето пред францускиот парламент денеска изјави дека „Европа повеќе не е континент на мирот“ и дека рускиот претседател Владимир Путин е „заеднички непријател“ на Украина и Европа

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски  во обраќањето пред францускиот парламент денеска изјави дека „Европа повеќе не е континент на мирот“ и дека рускиот претседател Владимир Путин е „заеднички непријател“ на Украина и Европа.

    – Живееме во време кога Европа повеќе не е континент на мирот – изјави украинскиот претседател пред француските парламентарци.

    Според Зеленски, рускиот режим не признава граници и дека „ни Европа не му е доволна“ и дека  рускиот режим „веќе ја уништи Сирија, продолжува кон Сахел и веќе ја презема Африка“

    – Украина е клучот за безбедноста на цела Европа. Сега битката продолжува во Украина, но таа го има истото егзистенцијално значење за Европејците – истакна Зеленски.

    Тој додаде дека руската инвазија на Украина „го врати нацизмот во Европа“.

     

    Зеленски изјави дека мировниот самит закажан за 15 и 16 јуни во Швајцарија може да ја доближи Украина до „праведниот крај на војната“.

    – Мировниот самит може да не донесе поблиску до праведен крај на оваа војна – рече украинскиот претседател на една недела пред почетокот на меѓународната конференција.

    На самитот во Швајцарија поканети се повеќе од 100 земји и организации, но не и Русија, која ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img