More

    Зеленски вели дека некои европски земји се против Украина

    spot_img

    Некои европски земји не ја сакаат Украина во НАТО и „играат со Русија“, смета украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    – Не можеме да ги затвориме очите и да кажеме дека само Русија не нè сака таму. Тоа не е вистина. Некои земји од ЕУ играат заедно со Русија, што е погрешно – изјави шефот на Украина.

    Говорејќи за членството во НАТО Зеленски вели дека тоа е неразделиво од независноста на Украина. Прашан дали Киев е подготвен да се откаже од членството, тој одговори:

    – Тоа не е амбиција на Украина. Изгубивме 15.000 луѓе. Тоа не е амбиција. Тоа е нашиот живот. Не се работи за НАТО. Станува збор за иднината на луѓето. Ако зборуваме за НАТО, Европската унија, за привремено окупираните подрачја, зборуваме за нашата независност. Тоа е тоа. Одлучивме што сакаме – нагласи Зеленски.

    Зеленски исто така отфрли каков било национален референдум за членството во НАТО. Желбата на Украина да биде членка, како што појасни Зеленски, е веќе „запишана во уставот на земјата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img