Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е згрозен од сцените во државата Дагестан, во Русија, каде во неделата толпа дивееше низ аеродром во потрага по Израелци кои пристигнуваат од Тел Авив, пишува Тајмс оф Израел.
„Ова не е изолиран инцидент во Махачкала, туку дел од раширената руска култура на омраза кон другите народи, која ја пропагираат државната телевизија, експертите и властите“, напиша Зеленски во објавата.
„Рускиот министер за надворешни работи даде серија антисемитски забелешки во минатата година. Рускиот претседател користеше и антисемитски навреди“, додаде тој.
Дагестан е главно муслиманска руска република во Северен Кавказ, дом на околу 3,1 милиони луѓе на западниот брег на Каспиското Море. Во инидентот руската полиција уапси 60 лица, а се смета дека 150 биле активни соучесници во настанот. Некои од луѓето во толпата носеа палестински знамиња со нив.