По повлекувањето на руските војници, украинскиот претседател Володимир Зеленски пријави натамошно напредување на неговите трупи кон регионалниот главен град Херсон на југот на земјата, пренесе ДПА.
– Денеска е историски ден – рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.
– Градот сè уште не е целосно ослободен од присуството на непријателот, но украинските специјални сили веќе се на теренот – рече тој.
Жителите на Херсон ги отстранија и руските симболи од улиците и зградите.
Зеленски објави и видео на кое се гледаат колони автомобили и луѓе кои гласно и навивачки ги поздравуваат украинските војници.
– Жителите на Херсон чекаа. Тие никогаш не се откажаа од Украина. Така ќе биде и во градовите кои сè уште чекаат да ги вратиме – истакна Зеленски.
Под притисок на украинските контраофанзиви, Русија во средата најави повлекување на своите трупи од делот на Херсон северозападно од реката Дњепар. Таму се наоѓа и регионалниот главен град со истото име, Херсон.