Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака во која ја одбележа победата над нацистичка Германија во Втората светска војна велејќи дека неговата земја ќе ја добие војната со Русија, јавува Би-Би-Си.
Зеленски, исто така, рече дека Украина нема да ѝ даде „ниту еден дел од нашата земја“ на Русија.
– Се бориме за нова победа. Патот до него е тежок, но не се сомневаме дека ќе победиме – вели Зеленски снимен како шета по улиците на Киев.
Овој говор на Зеленски доаѓа како контратежа на краткиот говор на Путин во Москва, каде рускиот претседател рече дека окупацијата на Украина била навремена и неопходна бидејќи Западот бил закана и наводно планирал окупација на Русија заедно со Крим.