Зеленски смета дека треба да се запрат руските напади

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ukraine's President Volodymyr Zelenskiy addresses Ukrainian people on the New Year eve, amid Russia's attack on Ukraine, in Kyiv, Ukraine, in this handout picture released December 31, 2022. Ukrainian Presidential Press Service/Handout via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео-обраќање рече дека негов приоритет е да ги задржи руските напади и да се подготви за можна украинска контраофанзива.

– Одржување на ситуацијата на фронтот и подготовка за сите непријателски чекори на ескалација – ова е приоритет за блиска иднина – рече Зеленски, пред состанокот на политичките и воените лидери од целиот свет на Минхенската безбедносна конференција.

Поддржана од десетици илјади резервисти, Русија ги засили копнените напади низ јужна и источна Украина, а како што се приближува првата годишнина од нејзината инвазија, на 24 февруари, се чини дека се формира нова голема руска офанзива, коментираат познавачите.

Русија вчера истрела проектили врз Украина кои ја погодија нејзината најголема рафинерија за нафта. Од најмалку 36 проектили истрелани од Русија, околу 16 биле соборени, соопшти украинската армија, што е помала стапка од нормалната.

Share This Article