More

    Зеленски смени уште тројца регионални гувернери

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера смени тројца регионални гувернери, вклучувајќи го и шефот на Луганск, каде што се водат жестоки борби.

    Одлуката за разрешувањето на локалните функционери беше објавена на каналот Телеграм од страна на владин претставник во украинскиот Парламент, но тој не ги наведе причините за разрешувањата.

    Гувернерот на Луганск, Серхиј Хајдај, често ги коментираше борбите во тој регион на североистокот на земјата, кој граничи со Русија.

    Зеленски го разреши и гувернерот на Одеса, на Црното Море, и на регионот Кнелнички, на запад.

    Зеленски, чувствителен на западните критики за широко распространетата корупција во Украина, претходно годинава разреши неколку високи функционери.

    Пет регионални гувернери или беа отпуштени или самите поднесоа оставки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img