Зеленски се пофали со видео, Русите бегаат

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Володимир Зеленски со видео се пофали дека украинските сили „ослободиле десетици населби“ и повратиле 1.000 квадратни километри територија на исток и југ од 1 септември. Тој во четвртокот иинформираше дека Украинците го зазеле градот Балаклија кај Харков, вториот по големина град во Украина, пренесува Ројтерс. Ова е првпат Киев да ги објави деталите за својата контраофанзива од минатата недела за да не го загрози понатамошниот тек на операцијата.

Ројтерс пишува дека на видеото се покажени руските сили кои бегајќи зад себе оставиле камиони, артилерија и муниција.

 

 

Претходно, висок украински функционер, генерал Алексеј Громов, објави дека украинските вооружени сили напреднале близу 50 километри кон руските линии и дека „вкупната територија вратена под украинска контрола во правец на Харков и реката Јужни Бух е повеќе од 700 квадратни километри“.

„Окупаторите се обидуваат да ги евакуираат ранетите војници и оштетената воена опрема во областите на населбите Вилхуватка и Бородојарска“, велат од штабот.

 

Громов рече дека украинските војници напредувале до 3 километри на фронтот Славјанск на исток и го вратиле селото Оерне.

Војската на Украина соопшти дека руските сили во регионот на Харков претрпеле значителни загуби, поради што некои војници дезертирале и ги соблекле униформите за да не бидат препознаени од цивилите.

- Advertisement -
Ad image

„Некои непријателски единици претрпеа значителни загуби“, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили.

„Војниците дезертираат во цивилна облека и се обидуваат да се вратат на територијата на Русија. Во текот на денот забележавме повеќе од 15 такви случаи“, се додава.

Украина се приближи до важниот логистички и снабдувачки центар Купјанск, а Институтот за проучување на војна (ISW) смета дека најверојатно ќе го освои во наредните денови, информира Си-Ен-Ен. ИСВ наведува дека украинската армија „веројатно ќе го заземе Купјанск во следните 72 часа, што може да доведе до сериозно, но не и целосно прекинување на руските линии за снабдување со Изјум“.

- Advertisement -
Ad image

Украина ќе добие 675 милиони долари воена помош од САД и една милијарда долари од пакетот составен од голем број европски земји, потврди Зеленски во својот говор.

– Секој од овие чекори на нашите партнери навистина влијае врз силата на нашата земја и на цела Европа во одбраната од рускиот терор – рече тој.

Share This Article