За време на контраофанзивата изведена од почетокот на септември украинската армија ги дуплираше првично вратените 3.000 квадратни километри, за сега да контролира над речиси 6.000 квадратни километри. Ова синоќа го потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Од почетокот на септември нашите војници веќе ослободија 6.000 квадратни километри украинска територија на исток и југ, а ние одиме напред – рече Зеленски во редовното ноќно видео обраќање до сонародниците, што се објавува на социјалните мрежи.
Зеленски им се заблагодари на воените единици, фалејќи ја нивната храброст во операцијата што досега доведе до враќање на најголемите делови од територијата, од повлекувањето на руските сили од предградијата на Киев на крајот на март.