Украина е „се уште подготвена“ да ги продолжи преговорите со Москва, кои се во застој по откривањето на злосторствата во Буча и другите области во близина на Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Подготвени сме да се бориме и да гледаме паралелно да ја завршиме оваа војна преку дипломатија – рече Зеленски на прес-конференцијата со австрискиот канцелар Карл Нехамер, кој ги посети главниот град и Буча.
Австрискиот канцелар Карл истакна дека новиот пакет санкции против Русија нема да биде последен, туку санкциите ќе се заоструваат додека не заврши војнатa.
Нехамер истакна дека Австрија, сепак, го отфрла ембаргото за увоз на нафта од Русија.
Тој потсети дека целта на санкциите е да бидат погодени оние против кои се воведени, а не да се ослабнат оние кои се воведуваат. Според него, забраната за испорака на гас од Русија би имала тешки економски и социјални последици во Австрија.
Нехамер рече дека механизмите на новите санкции може да бидат уште подетални и дека, на пример, може да се воведе ембарго за испорака на технички делови за Русија, неопходни за воените авиони.